Американци сакаат да го купат словенечки Тушмобил

62

TUSMOBILАмериканскиот финансиски фонд Kohlberg Kravis Roberts (KKR), по Telemach планира да преземе уште еден словенечки оператор, Тушмобил, пишува Финанце.

Добро упатените во оваа трансакција велат дека сопственикот за продажба би можел да бара 150 милиони евра. Претходно се шпекулираше дека за преземање на Тушмобил се заинтересирани Deutsche Telekom, Tele2 и кинески Huawei.

Тушмобил е во сопственост на Мирко Туш, еден од најбогатите Словенци, кој воедно е сопственик и на трговскиот ланец маркети Туш. Во август годинава, словенечкиот суд покрена истрага против него, затоа што беше осомничен дека со поткуп добил лиценца за мобилна телефонија од поранешниот директор на државната Агенција за пошта и електронски комуникации, Томаж Симонич. Симонич се сомничи дека како директор на Агенцијата, во 2008 година без јавен тендер на претприетието Тушмобил, третиот по големина мобилен оператор во Словенија, му доделил ГСМ фреквенција. За таа услуга од Туш добил стан во Пиран.