Американци заинтересирани за хрватски робот што асистира при операции на мозок

42

projekt-RONNA-10Големи американски произведувачи на медицинска опрема и инвестициски фондови се заинтересирани за хрватскиот робот RONNA (RObotic Neuro-NAvigation), дознава Пословни дневник. Станува збор за робот кој асистира при операции на мозок и еден е од двата такви функционални роботи во светот. Водач на тимот кој го разви овој робот и водач на Заводот за роботика и автоматизација на производни системи при Факултетот за машинство и бродоградежништво (ФСБ) во Загреб е Бојан Јербиќ.

ФСБ во соработка со Клиничкиот центар Дубрава во Загреб и 400.000 евра финансиска поддршка од BICRO успешно го развиваше и на кукли го тестираше прототипот на RONNA. Проектот е завршен во јануари, но за комерцијализација е потребно клинички да се тестира и да се сертифицира.

Тимот разви интелигентни управувачки алгоритми и софтвер за визиски системи и ги обединија во робот кој благодарение на својата прецизност, нечувствителност на замор и интелигенцијата, ќе извршува неврохируршки операции како искусен асистент на хирургот.

Јербиќ истакнува дека за роботиката денес во Хрватска не се разговара како за важна индустрија и додава дека компаниите Google, Microsoft, Facebook и Amazon токму во овој сектор ја гледаат иднината.

“Прашање е колку роботиката е дел од актуелната индустриска стратегија на Хрватска, но потполно е јасно дека во идните 20 до 25 години роботите ќе донесат индустриска револуција”, вели Јербиќ.

Во Хрватска има три фирми кои се занимаваат со роботика. Тоа се Док-инг, кои произведуваат роботски возила, Inetec од Загреб која е специјализирана за производство на технологија за нуклеарни централи и HSTEC од Задар, примарно ориентирана на автоиндустријата.

projekt-RONNA-9