Американците купуваа алкохол како никогаш досега

35

Американците во текот на неизвесната изборна ноќ купувале алкохол како никогаш досега. Според податоците на компанијата за достава на алкохолни пијалаци, Drizley, продажбата на алкохол во некои земји во САД забележа раст од 75%.

Тоа најмногу се однесува на земјите во коишто победи Џо Бајден, а меѓу нив се: Калифорнија, Вашингтон, Масачусетс Њу Џерси, Конектикат, Орегон, Илиноис, Њујорк, Вермонт и Мериленд.

Во земјите што за свој фаворит го имаа Доналд Трамп, побарувачката за алкохолни пијалаци се зголеми за само 33%. Меѓу тие земји се најдоа: Оклахома, Тенеси, Луизијана, Кентаки.

Огромен број Американци во вторникот вечерта беа дома, нетрпеливо очекувајќи ги резултатите од изборите.

Фото: Freepik