Во текот на минатата година, САД имаше увоз на автомобили од 79 земји во светот во висина од 179,5 милијарди долари. Јапонија, според податоците на World’s top exports, има најголем удел во вкупниот американски увоз на автомобили со 22,2% или 39,9 милијарди долари.
Петте земји, заедно со Јапонија, од каде САД најмногу увезуваат автомобили се и: Мексико (38,1 милијарда долари), Канада (37,8 милијарди долари), Германија (18,1 милијарда долари) и Јужна Кореја (16,3 милијарди долари).
Од регионот, САД од Србија увезла автомобили вредни 7,6 милиони долари. Потоа следуваат: Хрватска (1,3 милиони долари), Грција (193.000 долари), Албанија и Словенија (по 10.000 долари).
Нашата земја ја нема на листата.
Фото: Pixabay