Крајот на летото и почетокот на есента е вистинско време за подготовка на различни видови зимница што ќе може да се користи во исхраната во текот на долгите зимски денови. Но, пандемијата од коронавирусот предизвика големи турбуленции во САД, што многу семејства сами одгледуваат храна и ја конзервираат, поради што не им стасуваат тегли и капаци. Некои дури и почнале онлајн потрага по празни тегли, бидејќи не можеле да ги најдат во продавниците.
“Насекаде баравме. Поминав во шест продавници и не можев да најдам ништо од тоа што ми беше потребно за конзервирање домати, лути пиперки, пченка и кисела зелка“, вели Ванеса Вер од Западна Вирџинија за Гардијан.
Производителите на тегли, капаци и буриња велат дека има огромен скок во побарувачката за нивните производи, бидејќи расте бројот на луѓе кои сами си подготвуваат зимница во тек на пандемијата.
“Побарувачката предизвика проблем во снабдувањето, па дури и недостиг на нашите производи. За да ги обновиме залихите што е можно поскоро, го зголемивме производството на стакло и пронајдовме дополнителни производители на капаци“, велат од компанијата Newell Brands, во чии рамки е компанијата Bowl, којашто произведува тегли и други производи за конзервирање.
Фото: Freepik