Американска Coty мора да продаде дел од својот бизнис за три милијарди долари

53

Американската козметичка компанија Coty, поради пандемијата, го продава својот бизнис поврзан со препарати за нега на коса и нокти на инвестициската компанија KKR за три милијарди долари, пренесува Reuters.

Вредноста на брендовите Wella и OPI забележа драстичен пад во споредба со периодот пред пандемијата од коронавирусот. Овие бизниси имаа вредност од седум милијарди долари, но по затворање на фризерските салони ширум светот нивната вредност драстично се намали.

Coty веќе некое време се бори со проблеми предизвикани поради намалена продажба, па минатата година најави продажба на “фризерските“ брендови, што предизвика интерес кај Henkel и Unilever.

Инаку, Henkel го поседува брендот Schwarzkopf, а со преземање на брендот Wella би можел да го зголеми својот пазарен удел. Но, таква трансакција не се реализираше.

Фото: Pixabay