Американска компанија го купува српски Nordeus зa 378 милиони долари

126

Српски Nordeus е продаден на американската компанија Take-Two Interactive Software, Inc., а крајната цена може да достигне 378 милиони долари, пренесува порталот businesswire.

Како што објави компанијата Take-Two Interactive Software, компанијата ќе плати 225 милиони долари однапред во готово и за акции во вредност од 90 милиони долари, но крајната цена може да достигне 378 милиони долари.

Основачкиот тим на Nordeus ќе добие надомест за акциите и ќе продолжи да ја води компанијата. 

Nordeus, основана во 2010 година, е компанија која развива игри за социјални мрежи и мобилни телефони, со седиште во Белград и канцеларии во Лондон, Даблин, Сан Франциско и Скопје. Го водат неговите основачи Бранко Милутиновиќ, Милан Јововиќ, Иван Стоисавojевиќ и Томислав Михајловиќ.

Фото: Facebook