Американска компанија воведува “кадровска политика без никотин“

22

Американската компанија U – Haul повеќе нема да вработува “никотински корисници“, односно пушачи на цигари и електронски цигари.

Компанијата, којашто се занимава со изнајмување на камиони и товарни приколки, донесе “кадровска политика без никотин“. Тоа подразбира дека од први февруари во 21 сојузна држава на САД нема да вработува луѓе кои се пушачи, пишува Newsobserver.com.

Со оваа одлука нема да бидат опфатени возачите кои веќе работат, а се декларираат како пушачи, туку ќе важи за сите новопримени работници.

Инаку, U – Haul вработува повеќе од 34.000 лица во САД и Канада, каде што е законски одобрено да не се вработуваат луѓе кои се зависни од никотин.

Фото: Pexels