
На Волстрит, S&P 500 драстично падна во понеделникот, како и индексот Nasdaq, бидејќи веста за големата популарност на кинеска апликација во САД го потресе технолошкиот сектор и ги зголеми сомнежите за лидерството на САД во развојот на вештачката интелигенција.
Dow Jones порасна за 0,65 отсто на 44.713 поени, но S&P 500 потона за 1,46 отсто на 6.012 поени, а индексот Nasdaq падна за 3,07 отсто на 19.341 поени.
Nvidia тоне за 17 отсто, најмногу во историјата на Волстрит
Најголемата светска берза ја потресе веста дека апликација од кинескиот старт-ап DeepSeek се најде на врвот на листата на најдобро оценети бесплатни апликации во App Store на Apple, пред американскиот конкурент ChatGPT.
Апликацијата DeepSeek беше лансирана во САД на 1-ви октомври и привлекува корисници со забрзано темпо.
Ова го доведе во прашање раширеното верување дека САД се на прво место во светот во развојот на вештачката интелигенција.