Според последните информации, огласувањето во медиумите на кандидатите за претседател на најмоќната држава во светот веќе неколку дена ја надминува проектираната цена од 700 милиони долари и денес изнесува нешто над 800 милиони долари.
До сега 807 милиони долари се потрошени за политички огласи на радијата и телевизиите во Америка. Барак Обама има потрошено нешто над 352 милиони американски долари, а неговиот против кандидат Мит Ромни 455 милиони американски долари.