Американската кампања за избор на претседател ќе чини над една милијарда долари

42

Според последните информации, огласувањето во медиумите на кандидатите за претседател на најмоќната држава во светот веќе неколку дена ја надминува проектираната цена од 700 милиони долари и денес изнесува нешто над 800 милиони долари.

До сега 807 милиони долари се потрошени за политички огласи на радијата и телевизиите во Америка. Барак Обама има потрошено нешто над 352 милиони американски долари, а неговиот против кандидат Мит Ромни 455 милиони американски долари.