Американската валута како сигурно засолниште од кризата

105

Бидејќи загриженоста на играчите на пазарот за кинескиот сектор за недвижности и претпазливоста за претстојниот извештај за американскиот пазар на труд беа обновени, доларот продолжи да добива на интензитет како безбедно засолниште во време на неизвесност, па затоа се уште се тргува близу до минатонеделното рекордно ниво.

Доларот го достигна највисокото ниво во последните четиринаесет месеци во однос на еврото и деветнаесетмесечниот максимум во однос на јенот минатата недела, бидејќи инвеститорите сметаа дека САД би можеле да ги зголемат каматните стапки пред другите големи економии.

Еврото потона на 1,1598 долари, што не е далеку од најниското ниво забележано минатата недела од 1,1563 долари. Јапонската валута забележа мала промена од 111.065 јени за долар, додека кинескиот јуан ослабна во тргувањето во Хонг Конг за околу 0,3 проценти, пренесе Ројтерс.

Тргувањето со акции на презадолжената кинеска компанија „Евергранд“ беше прекинато на берзата во Хонг Конг поради продажба на половина од својата единица за управување со средства „Hopson Development“, што предизвика страв на пазарот дека евентуалниот колапс на оваа компанија може дополнително да ја забави кинеската економија и намалување на глобалниот раст.

Индексот на американскиот долар во однос на кошницата валути зајакна за 0,08 проценти на 94.029 поени.

Зајакнувањето на доларот во однос на јуанот придонесе и извештајот на CNBC од петокот, во кој се наведува дека американскиот трговски претставник Кетрин Таи денеска ќе објави дека Кина не се придржува до трговскиот договор меѓу САД и Кина.

Кинеските пазари денеска се затворени поради празниците.

Се очекува претстојните американски податоци да покажат дека ситуацијата на пазарот на трудот продолжува да се подобрува, во просек во септември се отвораат околу 460.000 нови работни места, што е доволно за Федералните резерви да останат со намера да започнат со намалување на набавките на обврзници до крајот на годината.

Британската фунта, и покрај малото зајакнување во петокот, не го надомести остриот пад минатата недела и се тргува на приближно непроменето ниво од 1,3540 долари, како и претходната недела.