Американската валута зајакна во однос на европската

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми, по минатонеделниот пад.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 106,17 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 105,80 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 149,75 на 150,70 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0530 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0575 долари.

Еврото е под притисок од политичката криза во Франција поради несогласувањата околу буџетот, што може да доведе до гласање за доверба на француската влада.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,60 отсто, на 72,25 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 0,58 отсто, на 68,40 долари.