Американски Амфенол инвестира шест милиони евра во Кочани

66

slide43_amphenol Американската корпорација Амфенол е новиот странски инвеститор во Македонија кој ќе вложи 6 милиони евра во првата фаза и ќе вработи 1.500 лица во следните 5 години, во фабриката која ќе биде лоцирана во Кочани.
Корпорацијата веќе има ангажирано 70 лица за производство на автомобилски делови, а годинава планира да бидат вработени уште 250 до 350 лица.
Џон Тенор, генералниот директор на корпорацијата, нагласи дека одлуката за инвестирање во Македонија е донесена врз оснава на големиот број на можности кои ги нуди државата, добрата квалификувана работна сила, но најмногу поради позитивна бизнис клима.