Американски авто гигант повлекува над 600.000 возила

59

Американската компанија Ford Motor ќе повлече близу 617.000 автомобили SUV Explorer на барање на регулаторното тело, бидејќи шрафови може да се олабават, а кровните носачи да се откачат, пренесува Ројтерс.

Повлекувањето се однесува на модели произведени помеѓу 2016 и 2019 година. Дилерите на возила ќе постават дополнителни шрафови и ќе ги заменат сите оштетувања.

Вториот најголем производител на автомобили во САД објави дека Националната агенција за безбедност во сообраќајот побара од Ford да ги повлече возилата во април по истрагата за проблемот на почетокот на 2020 година, кога имаше 11 случаи на откачување на кровни носачи.

Фото: Pixabay