Американските лекари ја дадоа првата експериментална вакцина за коронавирусот, со што започнаа обидите за пронаоѓање на најдобрата заштита од опасната пандемија.
Со внимателно боцкање во рамото на 43-годишната Џенифер Халер, научниците од истражувачкиот институт Kaiser Permanente го означија стартот на долгоочекуваната прва етапа од развивањето на потенцијалната вакцина за заштита од респираторната болест Ковид -19, која од Кина се прошири низ целиот свет.
“Сите се чувствуваат толку беспомошно во моментов. Јас сфатив дека има нешто што можам да го направам за да помогнам и затоа сум среќна дека сум тука”, изјави Џенифер Халер, првата волонтерка за експерименталната вакцина.
45 волонтери во период од еден месец ќе примат по две дози од вакцината.
Ова е само првата фаза од серијата испитувања за безбедноста и успешноста на вакцините, но дури и се да се одвива во најдобар ред, евентуалната вакцина нема да биде подготвена за употребоа уште најмалку 12 до 18 месеци.
Инаку, акциите на американската биотехнолошка компанија Moderna скокнаа над 25% откако соопшти дека почнала со експериментални испитувања за вакцина за коронавирус.
Фото:Pixabay