Американски производители на електрични возила бараат помош од Бајден

50

Големите американски производители на автомобили, автомобилски делови и Обединетиот синдикат на работници во автомобилската индустрија го повикаа американскиот претседател Џо Бајден да се заложи за “сеопфатен план“ за електрични возила и побараа поголеми даночни олеснувања и финансиска поддршка

Нивните барања напишани на писмо од шест страници датира од 29-ти овој месец, а доаѓаат пред објавување на предлогот на Бајден за инвестиции во инфраструктурата, вредна над 3.000 милијарди долари, со коишто би можеле да бидат опфатени и да добијат поддршка производителите на електрични возила, пренесува Ројтерс.

Во писмото се наведува дека во САД во овој момент има само 1,5 милиони електрични возила од вкупно 278 милиони регистрирани патнички возила.

Фото: Pexels