Американски суд отфрли три жалби на Bayer за канцерогеноста на хербицидот Roundup

13

Американски суд по трет пат ја отфрли жалбата на германскиот фармацевтски гигант Bayer против пресудата со која се прогласува за виновен за тоа дека неговиот хербицид Roundup е канцероген.

Судот во Сан Франциско повторно ја потврди пресудата дека Bayer е виновен за предизвикување на ракот од кој заболе брачната двојка Алберта и Алва Пилиод, пренесува ДПА.

Судот во Калифорнија првично го осуди Bayer во 2019 година, а компанијата требаше на брачната двојка да и исплати отштета од две милијарди долари. Судот подоцна го намали  износот на 86,7 милиони долари.

“Со почит, но не се согласуваме со одлуката на судот, бидејќи пресудата не е во согласност со доказите презентирани за време на судењето“, изјави портпаролот на германската компанија.

Monsanto сега ги разгледува законските опции за овој случај“, додаде тој, мислејќи на компанијата што го произведува Roundup , а која Bayer ја купи во 2018 година. Ние се уште стоиме зад фактот дека Roundup е безбеден препарат, како што беше потврдено со четиридецениската наука и проценките на водечките светски регулатори кои ја потврдија неговата безбедност“, додаде портпаролот.

Фото: Facebook