Акциите на Bayer паѓаат поради канцероген пестицид

105

Германската компанија Bayer, во вториот квартал од оваа година издвои дополнителни 4,5 милијарди долари (3,8 милијарди евра) пред оданочување и камата за да ги покрие можните долгорочни ризици, пишува германски Handelsblatt.

По оваа објава на Bayer, акциите на фармацевтската и агрохемиската компанија паднаа за 2,3%.

Германската компанија очекува дополнителни трошоци во наредниот период. Се очекува Bayer да ги замени производите базирани на глифосат во малопродажбата во САД до 2023 година со нова формулација, со оглед на бројот на обвинители кои поднесоа тужби до американските судови поради наводниот канцероген ефект на глифосатот.

Овој проблем Bayer го наследи со купувањето на американската компанија Monsanto, и поради бројните поплаки од луѓе дека по користењето на средството против плевел Roundup, кој содржи глифосат, добиле рак.

Фото: Facebook