Bayer ќе исплати 10,9 милијарди евра по жалбите дека негов хербицид е канцероген

143

Германскиот фармацевтско-хемиски гигант Bayer ќе исплати 10,9 милијарди долари како спогодба за илјадниците тврдења дека неговиот популарен хербицид Roundup предизвикува рак.

Производот на база на глисофат беше предмет на 125.000 судски спорови, кои се обидоа да докажат дека тој има канцерогени ефекти. Њујоршката адвокатска фирма Weitz & Luxenberg соопшти дека е постигната согласност во име на околу 100.000 луѓе. Bayer ги негираше обвинувањата, но се согласи да плати за да стави крај на неизвесноста.

Roundup оригинално беше лансиран од американската компанија Monsanto, која беше купена од Bayer пред две години за 63 милијарди долари. Откако се појави на пазарот пред повеќе од четири децении, тој важеше за најпознатиот светски уништувач на плевел, пренесува BBC.

“Ова беше долго патување, но задоволни сме што остваривме правда за десетици илјади луѓе, кои, не по нивна вина, страдаа од лимфом и други видови рак откако користеле производ на Monsanto, за кој биле уверувани дека е безбеден“, соопштија од Weitz & Luxenberg.

Фото: Facebook