Американскиот инвестициски фонд WAB Capital предаде понуда за преземање на словенечки Елан. За Елан има пристигнато уште една понуда од засега непозната европска компанија, пишува љубљански Дневник.
Продажбата на Елан би можела да ја отежни одлуката на Европската комисија оваа компанија да врати 10 милиони евра недозволена државна помош за докапитализација. Словенија се жалеше на оваа пресуда, но Комисијата се уште не ја разгледала жалбата. Познавачите на ситуацијата велат дека Елан тешко ќе се продаде се додека не се реши ова прашање.
Според прелиминарните проценки, консолидираните приходи од продажбата минатата година паднале за 16%, на 65 милиони евра. Продажба на скии е падната за 5%, а на пловила за 20%. Во 2012 година групата Елан забележа 6,9 милиони евра загуба, додека ланската загуба е еден милион евра.