Американскиот долар ослабе во однос на еврото

53

На валутните пазари падна вредноста на доларот во однос на кошничката на валути. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 101,45 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 101,69 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута потона од вчерашните 143,30 на 141,50 јени, што е најниско ниво во последните осум месеци. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1040 долари, додека вчера во ова време беше 1,1030 долари.

Цените на нафтата, пак, надоместија дел од вчерашните загуби, кога нагло паднаа откако ОПЕК ја намали проценката за побарувачката за оваа и следната година поради бавниот раст на најголемите светски економии.

Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,61 отсто, на 69,60 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,62 отсто, на 66,15 долари.