Американскиот милијардер тврди: Капитализмот поради короната ќе стане подобар

246

Марк Кубан вели дека една од последиците од коронавирусот ќе биде што капитализмот ќе се подобри. Капитализмот ќе стане “почувствителен“ како резултат на пандемијата на коронавирус, рече американскиот милијардер.

“Мислам дека капитализмот ќе стане многу попаметен и многу почувствителен поради ова низ што минуваме“, изјави претприемачот и инвеститор чие богатство се проценува на околу четири милијарди долари.

Тој смета дека работодавците сега ќе сфатат дека треба да ги стават своите вработени во прв план.
“Не се само оние кои ги поседуваат акциите. Всушност, мора да ги ставите вработените пред акционерите“, рече Кубан.

Не брзајте со враќање на работа

Кубан ги предупреди компаниите дека работниците не треба да бидат испратени предвреме на работа и го повика законодавниот дом да ги поддржува работниците погодени од економските ефекти од кризата.
Тој вели дека начинот на кој компаниите ги третираат работниците за време на пандемија може да го дефинираат нивниот бренд наредните децении.
“Како компаниите ќе реагираат на овој предизвик, тоа ќе го дефинира нивниот бренд за наредните децении. Ако побрзате да продолжите да работите и еден од работниците се разболе, тогаш тоа ќе се памети. Ако не се грижевте за своите вработени и не ги ставивте на прво место, тоа ќе биде запаметено “, додаде тој.

Фото:Facebook