Американскиот Сенат го усвои инфраструктурниот план на Бајден

29

Сенатот на САД во вторникот го одобри инфраструктурниот план од 1.200 милијарди долари за обнова и изградба на патишта, мостови, пристаништа и интернет конекции, по неколку неуспешни обиди да се усвои планот предложен од американскиот претседател Џо Бајден.

Планот беше усвоен со 69 гласови за и 30 против, по неколкунеделни жестоки приватни разговори и жестоки јавни дебати, додека Белата куќа работеше со демократите и републиканците за да постигне договор што долго време ги избегнуваше, пренесува Вашингтон пост.

Иако предлогот мора да помине детално усогласување во Претставничкиот дом, исходот од гласањето во Сенатот е чекор поблиску до усвојување на законот и победата на Бајден е голема.

Фото: Pexels