Американските акции малку пораснаа во очекување на клучните извештаи за инфлацијата

Американските акции малку пораснаа на отворањето вчера во очекување на клучните извештаи за инфлацијата.

Така, берзанскиот индекс Dow Jones малку падна за 134 поени или околу 0,3 проценти, S&P 500 за 0,1 процент, како и Nasdaq, објави CNN.

Загриженоста кај инвеститорите дека американската економија можеби не е во толку добра состојба како што се сметаше претходно се зголеми  вчера откако Бирото за статистика на трудот ги ревидираше своите податоци за 12-те месеци што завршуваат во март за вработеноста во Соединетите Држави за 911.000 работни места помалку од првично објавените.