Американските банки најавуваат високи дивиденди

55

Една од причините за рекордните вредности на берзанските индекси се и зголемените дивиденди што се очекува да ја надминат годишната стапка на инфлација во следните години.

Оваа година се очекува компаниите од индексот S&P да издвојат 6% повеќе пари за исплата на дивиденда, пренесува Seebiz.

Предничат финансиските компании откако Централната банка на САД објави ограничувања. Банкарските гиганти Goldman Sachs, Morgan Stanley, JPMorgan Chase и Bank of America на крајот на јуни објавија дека ќе ја зголемат дивидендата, по завршување на стрес-тестовите на ФЕД, кои треба да покажат како би поминале банките во случај на позначаен пад.

Според една проценка, целата програма за купување обврзници и исплата на дивиденди на банките во САД ќе вреди 130 милијарди долари.

Фото: Pixabay