Американските банки не смеат да зголемуваат дивиденди

28

Акциите на американските банки беа под притисок во текот на минатата недела.

Акциите на банката Goldman Sachs значително се намалија, за повеќе од 8%. Американските федерални резерви одлучија комерцијалните банки да ја зајакнат својата капитална основа со цел да го олеснат кредитирањето на компаниите во тешки денови.

Покрај тоа, на банките нема да им биде дозволено да ги откупуваат сопствените акции во третиот квартал, ниту ќе им дозволат да зголемуваат дивиденди, а таа одлука секако ги обесхрабрува инвеститорите за банкарските акции.

FED, исто така, објави резултати од стрес тестовите. Повеќето американски банки се соодветно подготвени за рецесија во форма на буквите U и W, се вели во извештајот.

Фото: Pixabay