Американските берзи денеска се затворени, европските индекси пораснаа, цената на гасот падна

Американските берзи денеска се затворени поради националниот празник Меморијалниот ден. (Меморијалниот ден е национален празник за оддавање почит на Американците убиени додека служеле во армијата).

Вредноста на сите главни американски индекси порасна во петокот – S&P 500 беше 4.205,45, Nasdaq беше 12.975,69, а Dow Jones беше 33.093,34.

Американскиот претседател Џозеф Бајден постигна договор  со претседавачот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, републиканецот Кевин Мекарти за укинување на плафонот на јавниот долг од 31,4 трилиони долари до 1 јануари 2025 година, пренесоа агенциите.

Оваа вест позитивно се одрази на европските берзи.

Главните европски индекси пораснаа – индексот DAX на франкфуртската берза скокна на 16.012,85 во 10:00 часот, исто како и францускиот CAC 40 – на 7.337,03, како и московскиот MOEX, на 2.708,50.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта изутрината изнесувала 72.982 долари, додека на нафтата од типот брент 77.209 долари, пренесува Танјуг.

Европските фјучерси на гас се продаваа денеска на отворањето на берзата ТТФ по цена од 25,255 евра за мегават-час.

Златото беше 1.942,51 долари за унца, а пченицата се продаваше за околу 61.623 долари за бушел (бушел е еднаков на 27.216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,072705, што е приближно исто ниво како во петокот.