Водечките американски енергетски компании минатата година за првпат им исплатија повеќе од својата заработка на акционерите отколку што инвестираа во нови наоѓалишта на нафта и гас.
Ова се наведува во извештајот на Ernst & Young LLP објавен во вторникот, пренесе тпортал.
Американските енергетски компании беа фокусирани да ја вратат наклонетоста на инвеститорите по долгогодишното прекумерно трошење за да го зголемат производството.
Минатата година, 50-те најголеми независни американски производители на нафта и гас потрошија 58,8 милијарди долари на дивиденди и откуп на акции, надминувајќи ги 55,1 милијарди долари издвоени за истражување и развој, според истражувањето на EY.
Вкупен профит 333 милијарди
Вкупниот профит на таа група компании надмина 333 милијарди долари минатата година, што е за третина повеќе од 217 милијарди долари во 2014 година, кога цената на нафтата на американскиот спот пазар во просек изнесуваше 93 долари за барел.