Американските корпорации се соочуваат со голем пад на профитот

Американските корпорации се соочуваат со најголем пад на профитот од почетокот на пандемијата на коронавирус, според прогнозите на Волстрит, бидејќи високата инфлација ги притисна маржите, а стравувањата од рецесија ја забавуваат побарувачката, пишува Фајненшл тајмс.

Компаниите кои припаѓаат на индексот S&P 500, односно 500-те највредни акционерски компании на Њујоршката берза, во првиот квартал ќе пријават вкупно намалување на добивката од 6,8 отсто, во однос на истиот период лани.

Тоа ќе биде најголемиот пад од вториот квартал на 2020 година, кој изнесуваше 30 отсто поради раните фази на пандемијата и општото исклучување.

„Кога ги гледате трошоците за плати и трошоците за капитал, мислам дека приходите се под значителен притисок. „Компаниите уживаа номинален раст, имаа моќ на цени, но нивниот обем или се намалуваше или остануваше ист“, рече Џек Еблин, шеф за инвестиции во Cresset Capital.

Вкупната вредност на индексот S&P 500 е зголемена за шест отсто од почетокот на годината, но 90 отсто од тој раст доаѓа од само 20 компании.

Во првиот квартал, повеќе компании од вообичаено покажаа знаци на слабеење, при што 78 имаат негативно салдо на заработка по акција, меѓу кои 11 од секторот полупроводници.

Од 11-те сектори во рамките на овој индекс, најпогоден се очекува да биде секторот материјали со пад на добивката за 35,6 отсто.

Фото: Pixabay