Американските технолошки акции вредат повеќе од сите европски акции заедно

25

Американските технолошки акции сега вредат повеќе од сите европски акции заедно, според Глобалното истражување на Bank of America.

Компанијата посочи дека ова е првпат пазарната капитализација на американскиот технолошки сектор, со 9,1 билиони долари, да ги надмине сите европски пазари, во кои спаѓаат Велика Британија и Швајцарија, кои вредат вкупно 8,9 билиони американски долари.

За споредба, во 2007 година, европските акции вредеа четирипати повеќе од американските технолошки акции.

Петте најголеми технолошки гиганти Apple, Microsoft, Google, Amazon и Facebook учествуваа со 17,5% од S&P500 во јануари, а капиталните трансфери во секторот за време на пандемијата на коронавирусот се зголемија за над 20%.

Само технолошки гигант Apple вреди повеќе од два билиони долари.

Фото: Pixabay