Американските власти го истражуваат работењето на „Дојче банк“

87

Американските власти го истражуваат одделот на германската „Дојче банк“ за управување со средства, „DWS Group“, откако поранешниот шеф на компанијата за одржливост изјави дека преценил колку користи критериуми за одржливи инвестиции за управување со својот имот, објави во средата „Волстрит Журнал“.

Истрагите, спроведени од Комисијата за хартии од вредност и федералните обвинители, се во рана фаза, објави весникот, повикувајќи се на свои извори.

„Дојче банка“ одби да ги коментира информациите на изданието.