Американските власти заплениле биткоини во вредност од 3,36 милијарди долари

83

Американското Министерство за правда во понеделникот објави дека запленило околу 3,36 милијарди долари украдени биткоини за време на претходно ненајавена рација во резиденцијата на Џејмс Жонг во 2021 година.
Жонг во петокот се изјасни за виновен, а му се предвидува максимална казна од 20 години затвор.

Американските власти заплениле приближно 50.676 биткоини, тогаш проценети на повеќе од 3,36 милијарди долари, од Жонг за време на претресот на неговиот дом во Гејнсвил, Џорџија на 9 ноември 2021 година. Тоа е втора најголема финансиска заплена на Министерството за правда до сега.

Според властите, Жонг го украл биткоинот од нелегалниот пазар „Патот на свилата“, мрачен веб-форум каде се купувале и продавале дрога и други недозволени производи со помош на криптовалутата. Патот на свилата беше лансиран во 2011 година, но беше затворен од Федералното истражно биро во 2013 година. Нејзиниот основач, Рос Вилијам Улбрихт, сега отслужува доживотна казна затвор.

Според јужниот округ на Њујорк, Жонг ги искористил пропустите на пазарот за да го изврши хакирањето.

Специјалниот одговорен агент Тајлер Хачер, од Службата за внатрешни приходи – криминалистичка истрага, рече дека Жонг користел „софистицирана шема“ за да украде биткоини од патот на свилата.