Амстердам ќе го откупи долгот на младите за да понуди “нов почеток“

219

Холандскиот град Амстердам започнува нов проект со цел да им помогне на младите луѓе во своите долгови. Во проектот, наречен’Young people debt-free start (Почеток без долг на младите), општината ќе го преземе долгот на младите, со цел да им ја олесни ситуацијата на оние на кои им е тешко да почнат со работа или да продолжат со образование.

Натрупаните долгови меѓу младите Холанѓани, тренд што е присутен низ цела Европа, се смета за голема пречка за влегување на пазарот на труд или за комплетирање на високото образование, пишува Guardian.

Според пробниот проект на градот, општинска кредитна банка ќе преговара со кредиторите да ги откупи долговите. Кредиторите ќе добијат 750 евра како поттик да го префрлат долгот. На младите ќе им се отпише уште поголем дел од долгот доколку успешно се приклучат на тренинг за работа или образовна програма.

“Долговите предизвикуваат стрес и тие често ја одредуваат иднината на младите. Многумина од нив се најдоа во ситуација од која не можат да излезат без помош. Затоа ние сега ќе им помогнеме за да можат да направат нов почеток“, изјави заменик градоначалничката Марџолин Моорман.

Според официјални податоци, повеќе од една третина млади од Амстердам на возраст меѓу 18 и 34 години се во долгови. Просечниот студентски долг во Холандија се зголеми од 12.400 евра во 2015 година на 13.700 евра во 2019 година.

Фото: Pexels