Анализа на роаминг цените кај четирите македонски оператори

1161

Институтот за развој на електронски комуникации ИНРЕКОМ Скопје, во текот на месец јуни 2019 година, спроведе анализа за цените во роаминг кај четирите македонски оператори: Македонски Телеком, оне.Вип, Лајкамобајл и Телекабел.

Во компаративната анализа се споредуваат цените за минута разговор, испратена SMS порака и потрошен интернет сообраќај, зависно од мрежата преку која се пристапува. Исто така се споменуваат и пакетите кај два од четирите оператори што им се нудат на македонските корисници.

Македонски телеком

Корисниците на овој оператор, во наведените држави подолу, можат да одбираат помеѓу овие оператори.

Турција: Vodafone Turk Telekom (поранешен AVEA) и Turkcell, Грција: Wind Hellas Vodafone и Cosmote, Бугарија: A1Telekom (поранешен MobilTel), Vivacom и Telenor (поранешен GloBul), Хрватска: A1Telekom(поранешенVipnet), TELE2 и Hrvatski Telekom (поранешен T-Mobile)…

Постпејд корисниците на Телеком имаат можност и за активирање на роаминг пакет Travel&Surf Balkan кој може да го користат 30 дена и истиот изнесува 699 денари. Истиот вклучува 2GB мобилен интернет на 4G мрежа во: Албанија, Бугарија, Грција, Турција, Хрватска, Црна Гора и Србија. Исто така, Македонски Телеком нуди и пакет Travel&Surf за во други 40-ина земји, кој зависно од големината на интернетот од 100MB до 1GB, цената се движи од 199 денари до 999 денари. Припејд корисниците пак имаат избор помеѓу три зони и цените се од 79 до 149 денари за повик и 17,7 денари за порака.

оне.Вип

Вип има златни партнери преку кои може да се користат мобилните услуги со намалена цена, додека сребрените се останатите оператори во земјата на посета. Во Европа (без Србија, Црна Гора, БиХ и Русија) кај златните партнери цената за појдовен повик е 79 денари, за дојдовен повик е 29 денари, SMS
порака е 19 денари и 100KB интернет е 39 денари.

Услуги преку останатите оператори, т.е. сребрени партнери се повисоки и истите изнесуваат: 109 денари појдовен повик, 29 денари дојдовен повик, 19 денари за порака и 59 денари за 100KB интернет сообраќај.

Цените во останатите земји од светот вклучително и Русија, кај златните партнери се: 179 денари појдовен и 79 денари за дојдовен повик, 29 денари SMS порака и 79 денари за 100KB интернет. Кај сребрените партнери во светот, цените изнесуваат: 219 денари за појдовен повик, 79 денари за дојдовен повик, 29 денари појдовна SMS порака и 99 денари за 100KB интернет сообраќај.

Лајкамобајл

Lycamobile како виртуелен мобилен оператор е посветен на повиците кон странство и тие во роаминг. Лајкамобајл е единствен мобилен оператор во Македонија кој нуди бесплатни повици кон сите Лајка корисници, вклучително и тие кои се во други земји. Во Турција, САД, Канада и Австралија цената за минута повик кон дома изнесува 450 денари, испратена порака 80 денари додека 1MB интернет сообраќај е 550 денари.

Во останатите земји: Грција, Бугарија, Италија, Словенија, Хрватска, Германија, Франција, Австрија и Шпанија цените се помали и истите изнесуваат: 350 денари за минута повик кон Македонија, 65
денари за испратена порака кон Македонија и 59 денари за потрошен мегабајт мобилен интернет. За разлика од Македонски Телеком и оне.Вип, Лајкамобајл на својата интернет страница нема објавено специјални пакети со минути, пораки и интернет во роаминг.

Телекабел

Корисниците на Телекабел, во наведените држави подолу, можат да одбираат помеѓу овие оператори.

Турција: Turk Telekom (поранешен AVEA), Turkcell и Vodafone, ГрцијаCosmote, Vodafone и Wind Hellas, Бугарија A1 Telekom (поранешен MobilTel), Telenor (поранешен GloBul) или Vivacom, Хрватска Tele 2, Hrvatski Telekom (екс T-Mobile) и на A1 (екс Vipnet), Германија O2 (поранешен Telefonica), Deutsche Telekom и на Vodafone.

Подетални информации во врска со цените тука.