Аналоген часовник којшто овозможува бесконтактно плаќање

83

Апликацијата Payments MuchBetter ги здружи силите со швајцарскиот Winwatch за да направи аналоген часовник којшто овозможува бесконтактно плаќање благодарение на површината направена од паметно стакло.

Часовникот, кој е прв во светот, користи STISS стакло за плаќање, супер силно сафирно стакло кое има EMV чип и запечатена антена.

Јенс Бадер, коосновач на MuchBetter, вели дека луѓето не сакаат да се откажат од својот стручно изработен аналоген часовник во замена за паметен часовник кој би можел да застари за само неколку години.

“Тоа е причината зошто на пазарот постои толку голем јаз за луѓето кои гледаат корист од додавање на некои паметни функции како што се плаќање со својот сакан аналоген часовник, посебно сега додека бесконтактните плаќања не се само многу погодни, туку се и од суштинско значење за јавното здравје.

Фото: Payments MuchBetter