Ananas стана сопственик на брендовите Grouper и Paopao

440

Ananas e-commerce, со седиште во Србија, купи 100 отсто од сопственоста во македонската компанија Vebspot од Payten. На овој начин Ананас стана сопственик на брендовите за онлајн шопинг Grouper.mk и Paopao.mk, се вели во соопштението на компанијата.

На македонскиот пазар, Grouper.mk е познат по бизнисот со продажба на ваучери за услуги, додека неодамна отворениот сајт Paopao.mk е пазар за онлајн купување производи.

Стекнувањето на брендот Grouper, како водечки играч во е-трговија на македонскиот пазар со речиси 300.000 корисници и 3.000 трговци, го претставува првиот чекор на Ананас кон регионалното проширување. Оваа аквизиција ќе му овозможи на Ананас брзо да навлезе на македонскиот пазар со воведување на нови концепти.

Marketplace Ananas е дел од корпорацијата Delta Holding со седиште во Белград. Првата продажба на оваа страница се одржа во летото 2021 година, а денес Ананас на своите клиенти им нуди повеќе од 150.000 различни производи преку широка мрежа од над 200 партнери. За помалку од една година, Ananas.rs го посетија повеќе од еден милион клиенти. Со лансирањето на Ananas, компанијата Delta Holding ја објави својата амбиција да создаде регионален гигант во онлајн трговијата и подготвеноста да инвестира околу 100 милиони евра во овој проект во првите пет години.

„Пазарот во Македонија, клиентите, но и онлајн продавачите, со оваа аквизиција добиваат безбедно, лојално и долгорочен партнер, подготвен да инвестира во развојот на овој бизнис, но и во развојот на целокупната е-трговија во Македонија. Имаме план да го понудиме најголемиот пазар во оваа земја со широк асортиман на производи, сигурна и брза испорака, сигурно плаќање и многу иновативни решенија кои сега ги знаеме само на поразвиените пазари“, изјави Марко Царевиќ, извршен директор на Ананас.

При започнувањето на бизнисот, Ананас најави дека српскиот пазар е само почетна точка и дека амбицијата на акционерите и самата компанија е овој пазар да се појави на пазарите во регионот на Западен Балкан, пренесува Biznis.rs.