Андреас Елснер стапува на позицијата Главен извршен директор на Македонски Телеком од први мај 2017 година.
Елснер доаѓа во Македонски Телеком во 2014 година, на чело на Секторот за управување со односи со корисници и корисничко искуство, а од 2015 година е Главен оперативен директор за приватни корисници, каде имаше клучна улога во развојот и реализацијата на стратегијата за конвергирани решенија и услуги.
Во неговата шестнаесетгодишна кариера работел на раководни позиции во телекомуникацискиот бизнис во Австрија, Србија, Бугарија и Македонија. Неговото портфолио вклучува национален и интернационален маркетинг менаџмент, бренд менаџмент, маркетинг комуникации, формирање на цени и развој на производи, позиционирање на производи и брендови, односи со јавноста, деловен развој и позиционирање на пазарот.
Роден e во Виена, Австрија, каде и се школувал. Дипломирал маркетинг, рекламирање и продажба на Универзитетот за економија и деловна администрација.
Андреас Елснер го замени Андреас Маиерхофер, кој беше назначен за Главен извршен директор на Т-Мобиле Полска на први април, 2017 година.