Андреас Маиерхофер стапува на позицијата главен извршен директор на Македонски Телеком

21

telekomОд 1 февруари, г-динот Андреас Маиерхофер стапува на позицијата главен извршен директор на Македонски Телеком АД-Скопје, а во исто време е избран и за претседател на Одборот на директори на Т-Мобиле Македонија.

Новиот главен извршен директор на Македонски Телеком доаѓа во Македонија од позицијата главен извршен директор на Мобител, Бугарија, каде бил на чело на компанијата од 2009 година до 2013 година. Во истата компанија бил на позицијата главен маркетинг директор од 2007 до 2009 година.

Во 2011/2012 година бил претседател на Надзорниот одбор на M-Networks. Од 2004 до 2007 година работел во Si.mobil Словенија, на позициите главен оперативен директор од 2004 до 2006 и главен извршен директор од 2006 до 2007 година.

Во својата успешна кариера бил и директор за кориснички услуги, раководител на сектор за наплата и билинг, како и сопственик и менаџер на проект за односи со корисници. Г-динот Маиерхофер има 20 годишно искуство во телекомуникацискиот бизнис, дел е од Телеком Австрија групацијата од 1987 година. Роден e во Виена, Австрија, каде и се школувал на Правниот факултет, a дипломирал на факултетот за менаџмент во Св. Гален, Швајцарија. Маиерхофер го замени г-динот Тило Куш, кој беше на чело на компанијата од април 2013 година.