Фото: Pixabay
Анемија или слабокрвност настанува кога во крвта се јавува недостаток на црвени крвни зрнца. Како последица може да се јави замор, вртоглавица, недостаток на апетит, депресија…
Причините за појава на анемија се различни, а нивното откривање е првиот чекор во лечењето.
Настанува незабележително
Можни причини за настанување на анемија се губиток на крв, заболување на бубрезите, зглобовите, срцето и крвните садови, несакани дејства на одредени лекови, како и лоша исхрана, недостаток на витамин Ц и железо. Понекогаш тешко се открива затоа што симптомите на замор, вртоглавица и бледило се скоро незабележителни.
Најпрво излечете ја причината
Постојат повеќе видови на анемија и сите се лечат различно во зависнот од причината. Таа е често последица на примарни заболувања, на пример на коскената срж, кога и внесувањето на дополнително железо не е ефикасно. Истото важи и за малигните заболувања.
Слабокрвност може да биде и последица на хормонски дисбаланс, обилни циклуси и миоми, што значи прво треба да посетите гинеколог. Исто така може да биде и последица на заболување на дебелото црево. Затоа е многу важно најпрво да се пронајде причината за да може да се лечи.
Мед, сончоглед и суво овошје
Анемијата често се појавува кај бремените жени и малите деца. Доколку не сакате да земате таблети и ампули со железо, постојат многу природни лекови кои ќе ви помогнат да ја подобрите крвната слика. На прво место се црвеното месо (по можност телешко), јајца и црвен и зелен зеленчук. Наместо бел леб, конзумирајте интегрален.
Секое утро јадете по една кришка леб со пола лажичка мед. Ручекот нека ви биде составен од риба, грашок, зелена боранија, а за ужина грицкајте семки од тиква или сончоглед.
Рибизли, грозје (може и суво), сливи, цвекло се некои од намирниците кои можат да помогнат во случај на анемија.
Цвеклото содржи материи кои учествуваат во создавање на витаминот Б12, а доколку од него направите сок, испијте го по 15 минути. Многу е јак и може да предизвика вистински витамински удар.
Избегнувајте млеко и млечни производи, кои поради калциумот ја отежнуваат апсорпцијата на железото.