Ангеловска: Барајте и скенирајте сметки бидејќи така се борите против сивата економија

75

Барајте ги вашите сметки и скенирајте ги, не само затоа што остварувате право на поврат и може да добиете некоја од дневните и месечните награди, туку и поради тоа што учествувате во борбата против сивата економија, порача денеска министерката за финансии, Нина Ангеловска на Facebook.

Таа потсетува дека апликацијата МојДДВ има над 315.000 корисници, а како основни препораки за целата акција, Ангеловска ги наведува:

  • Со неиздавање на сметка, вашите пет или 18% продавачот ги зема за себе наместо да бидат употребени за доброто на сите
  • И трговецот кој не го уплаќа ДДВ-то во буџетот го користи здравствениот и образовниот систем
  • Со неиздавање на сметка, продавачот прави нелојална конкуренција на чесните продавачи кои си го плаќаат данокот.

Со последните измени како одговор на ковид предизвиците беа направени промени во апликацијата МојДДВ:

  • Секој ден по случаен избор се доделуваат 20 награди по 1.000 денари и секој месец 15 награди по 20.000 денари.
  • Повратот на ДДВ за македонски производи сега изнесува 20% и 10% за останатите.

“Причина плус да ги одбереме домашните производи кога купуваме и со тоа да им помогнеме на домашните компании и македонската економија и причина плус да ги бараме секогаш и секаде нашите сметки и да го јакнеме даночниот морал.

Сите можеме да придонесеме! Сега повеќе од било кога мораме да ја зајакнеме борбата со сивата економија која е штетна за нашата економија, за нашето општество“, порача Ангеловска преку Facebook.

Фото: Facebook