Ангеловска: Над 276.000 граѓани веќе добија домашна платежна картичка

45

Вкупно 276.272 граѓани веќе добија и користат домашна платежна картичка, напиша министерката за финансии, Нина Ангеловска на својот Facebook профил.

“Вкупната вредност на веќе издадените домашни платежни картички до 18.07 e 24,6 милиони евра, од кои веќе се потрошени, односно вбризгани во економијата 17,7 милиони евра преку купување македонски производи и услуги“, напиша Ангеловска.

Со картичките реализирани се над 1,2 милиони трансакции заклучно 18 јули. Најголем дел од трансакциите се во:

  • Маркети (89%)
  • Ресторани и храна (5%)
  • Текстил, облека, обувки (3%)