Англија им плаќа 550 евра на граѓаните за самоизолација

90

Англискиот систем за тестирање и следење на Ковид-19 овозможува исплата на парична поддршка од 500 фунти (околу 550 евра), на луѓе кои ќе почнат самоизолација откако ќе добијат известување преку мобилна апликација поради контакт со заразена личност.

Парите веќе им беа достапни на луѓето на кои им беше наложена самоизолација преку програмата за следење на контакти преку телефон и електронска пошта, но не и преку апликацијата со цел да се почитува анoнимностa, пренесува Ројтерс.

Секое физичко лице кое ќе добие предупредување за самоизолација во апликацијата, сега може да ги регистрира своите податоци со цел да добие исплата, објавија надлежните служби.

Строгата заштита на приватноста на корисниците беше клучен услов поставен од Apple и Google кога ја направија технологијата за апликации за следење на контактите на луѓето заразени со Ковид-19.

Индивидуалните корисници не мора да внесуваат лични податоци при регистрација за да ја користат апликацијата, што значи дека автоматските известувања за самоизолација не се обврзувачки.

Со цел да се надмине ова, корисниците кои ќе добијат известување ќе имаат опција да одберат и натаму да останат анонимни, но во тој случај нема да може да ги добијат парите. Од друга страна со споделување на личните информации, следува и исплата.

Фото: Pixabay