Англија: Корен од глуварче како замена за кафе

91

Дејзи Њудик, дизајнерка од Англија, создаде напиток од глуварче што многу потсетува на кафе.

Таа за проектот Make Weeds Great Again употреби корени од ова растение, од коишто преку печење, мелење и подготовка, креираше алтернатива на кафе.

Нејзиниот проект има за цел да го смени мислењето дека глуварчето е само непотребно растение, што им пречи на посеаните култури.

На овој начин луѓето можат да пијат “кафе“ без да мора истото да се увезува прекуокеански, пишува Dezeen.

Процесот на правење на кафе од корен од глуварче е ист како и правење на кафе на вообичаениот начин.

Во обвивката на коренот на ова растение, како што вели Њудик, има хемиска состојка наречена инулин. Таа содржи одредени ароматични соединенија коишто ја даваат сличната горчина и чоколадниот мирис на кафето. Истото важи и за растението цикорија.

Единствена разлика во процесот е култивирањето на растенијата. Најдобро време да се соберат глѕварчињата е наесен, кога концентрација на инулин е највисока.

Фото: Pixabay