Англија под клуч до февруари

213

Англија ќе влезе во нов национален карантин во обид да ги намали екстремните притисоци врз здравствениот систем во услови на брзо ширење на новиот вид Ковид-19, изјави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон.

Одлуката е донесена кога во Обединетото Кралство се евидентирани 58.784 нови случаи, што е најголемо дневно зголемување во земјата од почетокот на пандемијата.

Бидејќи новите бројки ја ставаат Велика Британија на пат да надмине 100.000 смртни случаи поврзани со Ковид-19 пред крајот на месецот без итни мерки, премиерот уште еднаш рече дека луѓето мора да останат дома.

Карантинот ќе трае најмалку седум недели, со мерки што треба да се ревидираат во текот на неделата.

Само еден ден откако Борис Џонсон ги повика милионите ученици да се вратат во училниците, сите училишта ќе се префрлат на далечинско учење до средината на февруари.

Фото: Pixabay