Англија: Систем што детектира доколку некој користи мобилен телефон при возење

59

Фото: Norfolk County Council

За прв пат во светот, во Норфолк, во Источна Англија, се реализира пилот проект којшто детектира дали во автомобилот се користи мобилен телефон додека возилото се движи, пишува BBC.

На неколку места покрај патот поставени се системи во форма на сообраќаен знак кој може да препознае дали во возилата кои поминуваат покрај истиот се користи мобилен телефон.

Проектот е развиен во локалната компанија Westcotec.

Овие знаци користат сензори, коишто доколку детектираат дека се користи мобилен телефон, се вклучува посебен знак, кој му дава на возачот до знаење дека е забележан и дека треба да престане со телефонирање. Во случај кога се телефонира преку Bluetooth врска, без употреба на раце, сигналот за предупредување нема да се вклучи.

Единствен недостаток на овие детектори е што сè уште не можат да откријат дали возачот е тој што телефонира за време на возењето или сигналот доаѓа од некој од неговите патници, но сепак предупредувањето во секој случај може позитивно да влијае за намалување на телефонирањето за време возење, велат надлежните.

Овој систем ги собира потадоците за телефонирање за време на возење. На овој начин добиените статистички податоци ќе и овозможи на локалната полиција да има подобар увид во состојбата на патиштата и целно да ги спроведува своите акции.

Користењето на мобилен телефон за време возење е голем ризик за возачот, но и за останатите патници и учесници во сообраќајот, а според некои податоци дури 91% од возачите повремено користат телефон.