Анонимуси му се заканија на Маск – тој им врати

178

Се чини дека Илон Маск е последната цел на групата Анонимус.

Хакерскиот колектив објави видео во кое му се обраќа на извршниот директор на Tesla и Space X, Илон Маск, поради “постојаното тролање“ на пазарот на крипто валути.

Тие му порачаа дека луѓето почнуваат да го гледаат како “уште еден нарцисоиден богат човек очаен за внимание“. Нивната порака доаѓа откако Маск во петокот повторно твитна за биткоинот, по што падна цената на најголемата крипто валута.

Тие му порачаа на Маск дека неговите твитови оваа недела покажале “очигледно занемарување на просечен работник“ кој сакал да си го подобри животот со инвестирање во криптовалути.

“Можеби мислите дека сте најпаметната личност во собата, но сега најдовте рамен. Ние сме Анонимус. Ние сме легија. Очекувај не“, велат во видеото.

Маск не одговори директно на таа закана, но околу 20 минути откако групата го објави видеото, тој исто така се огласи на Тwitter.

“Не убивајте го она што го мразите, зачувајте го она што го сакате“, напиша Маск.