Апел за легализација на земјоделските објекти во Штип

22

Општина Штип апелира до граѓаните кои се засегнати со легализација на бесправни објекти на земјоделско земјиште, што побргу да достават документација или истата да ја докомплетираат ако се пријавиле.
Поднесувањето на барањата со документација за потврдување на бесправно изградени објекти на земјоделско земјиште важи до 2 август 2014 година. До овој датум, граѓаните кои се засегнати, треба да достават неколку документи меѓу кои најважни се: копија од личен документ, од платена сметка во последните месеци (вода или струја), доказ за сопственост или закуп на земјиштето и геодетски елаборат.

До сега во Штип се поднесени 62 барања од кои 30 имаат комплетна документација, додека 42 истата ја немаат комплетирано, при што најчесто недостасуваат елаборати. Екипи на Општина Штип и Одделението за урбанизам веќе излегуваат на терен за утврдување на фактичката состојба, заради што се апелира до преостанатите поднесувачи да ја завршат процедурата за достава на сите документи.