Апликација им “дава“ глас на пациенти со рак на грло

23

Фото: Pixabay

Тим научници од Чешка создадоа мобилна апликација што им помага на лицата заболени од рак на грло, да добијат глас за да може да комуницираат, пишува Agence France presse.

“Сметам дека оваа апликација е многу корисна“, вели 51-годишниот Властимир Гулар, кој поради проблеми со здравјето го загубил гласот. Но, со помош на иновативната апликација, тој може да комуницира со луѓето од околината.

Оваа технологија користи снимки на гласот на пациентот од коишто создава синтетички говор, што може да се репродуцира преку апликација инсталирана на мобилен уред.