Апликација мери социјална дистанца

47

Апликацијата Sodar им овозможува на корисниците на нови Android уреди, коишто користат Chrome како интернет пребарувач, да проверат дали нивната оддалеченост од другите е на безбедно растојание за да се превенира ширење на заразата.

Пред употреба на алатката, како што пренесува Startit, потребно е да се одобри 3D мапа и користење на камера, а веднаш потоа, Sodar ќе покаже оддалеченост од два метра што се препорачува од страна на Светската здравствена организација.

Google го претстави Sodar во време кога земјите почнаа да ги ублажуваат мерките, кога се препорачува носење на заштитни маски и ракавици, како и одржување социјална дистанца.

Фото: Sodar.withgoogle.com